Дали сакате да трошите време на интернет при пребарување промоции и попусти или сакате на едно место да ги видите сите попусти и промоции од вашиот омилен супер маркет? Евтино.мк се грижи за вас. Ги собира сите промоции и попусти на едно место и во исто време ви штеди време и пари.
Според најновите податоци од Сојузот на синдикатите на Македонија, најголем дел од семејниот буџет или приближно околу 13 000 денари, завршува за исхрана и пијалаци. Дали сте се запрашале што ако континуирано во период од една година се грижите за својот буџет и секој месец заштедувате 20 % со паметно пазарување и купување на производи кои се на промоција. Евтино.мк ги собира сите промотивни флаери и промоции од супер маркетите. Доколку купувате производи што се на промоција од најмалку 20 %, годишно може да заштедите 500 евра. Тоа е доволно за еден годишен одмор од 7 дена за едно четиричлено семејство.
Што доколку повеќе нема промотивни флаери во вашите поштенски сандачиња и доколку секоја промоција или попуст ја гледате на својот мобилен телефон. Евтино.мк има цел да им стави крај на печатењето промотивни флаери и на трошењето хартија. Сите попусти на едно место на вашиот мобилен телефон, брзо и ефикасно. Да се грижиме за природата заедно.
Евтино.мк може да го следите на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм. Да го направиме пазарувањето евтино сите заедно. Со хаштагот #tagnievtino споделете на Инстаграм или на Фејсбук кој производ сте го купиле на промоција и дали мислите дека во исто време е евтин и одличен. Да ја направиме најголемата база на евтини производи, заедно. Со помош на вашите предлози и забелешки, супер маркетите ќе мора повеќе да се грижат за тоа што ставаат на промоција и за тоа дали цените што ги нудат за производите се навистина ниски.